Скопски Металург има негатива од еден гол по првиот меч од четвртфиналето од националниот куп. Шкендија на “Железарница“ во вторите 90 минути , ќе влезе со предност (1-0), која стратегот Артим Шаќири вели дека активно ќе ја бранат.

–    Заслужно победивме, извлековме позитивен резултат на домашен терен имаме мала предност во пресрет на новите 90 минути во Скопје. Тежок натпревар, Металург играше фудбал не се бранеше, дојде да се надигрува, но на крај ние ги искористивме нашите шанси. Во вториот дел, бевме притиснати, се осети замор кај моите фудбалер направивме замени и успеавме да ја задржиме предноста. Ни оддалеку не ни е на крај на памет да се браниме на “Железарница“ , туку напротив и таму ќе одиме да се надигруваме – потенцираше Шакири.

Поранешниот македонски репрезентативец, Ѓорѓи Христов кој ја води екипата на Металург имаше серизни забелешки на арбитражата на прилепчанецот Горан Спиркоски, најавувајќи барање за негово изземање за мечевите на Металург. 

–    Не може да бидам задоволен кога ќе загубам меч, без разлика дали е куп дали е првенство. Она што можеме да видиме ни оддалеку не наликуваше на натревар меѓу најквалитетните екипи во државата. Го загубивме мечот без шут на гол, но кога нема да ти се досуди таков пенал, тоа е во најмала рака чудно. Повторно истиот судија, и дефинитивно тој господин има нешто дали против мене дали против клубот, но јас ќе барам негово иземаање на наредните мечеви на Металург. За месец дена истата приказна, тогаш не бевме задоволни, реагиравме и еве сега што ни се случува.  Без разлика, игравме лошо,но што повеќе за пенал, ако има пенал нека се “свири“, нас ни “свиреа“ чудни пенали, самиот одбранбен играч признава, а Спиркоски му објаснува на Чурлинов , оти ако не ја допрел топката ќе досудел пенал. Не знам какви се тоа објаснувања, како Металург се приближува каде што му е местото, приказната е иста. И мене некој да ми се заканува дека ќе ме исклучи пред натпрвар за да не можам да си ја вршам работата, па тоа е невидено нешто – истакна Христов.

Реванш мечевите од четвртфиналето се играат на 21 ноември.

Ohridnews