– Ние сме спортисти и размислуваме само на тоа што се случува на теренот. Навистина ми е жал за ваквиот настан. Тоа што се случи е во делот на политиката и тоа пред сè треба да го коментираат раководните луѓе од клубот. Нам ни останува да видиме кога ќе се доигра натпреварот, да останеме фокусирани на тоа и да сториме сè за да стигнеме до победата на зелениот терен – рече Шаќири, а пренесува “Мкд.мк“.
– Средбата не ни почна како што треба, а веќе мораше да заврши и тоа на скандалозен начин. За жал, тоа воедно значеше дека спортот падна во канџите на политиката, нешто што најмалку го посакувавме. Во очекување сме на одлуката кога мечот ќе се доигра. Ќе сториме сè за дополнително да се подготвиме за него и да стигнеме до посакуваниот трофеј – потенцираше Михајлов.
Според последните најави “второто“ полувреме од тетовската пресметка во финалето од Купот на Македонија ќе се одигра в недела.