Екипите на МЗТ Скопје и Лирија во 17:30 часот во спортската арена „Билјанини Извори“ ќе се сретнат во финалето од 22-то издание во македонскиот кошаркарски куп кое се одржува во Охрид.


Во полуфиналните пресметки бранителот на трофејот МЗТ Скопје го совлада Кожуф додека по маратонски натпревар Лирија беше поуспешна од Куманово.


Во финалето „штрковите“ атакуваат на седмиот трофеј наспроти тимот на Лирија за кој пласманот во финалето е најголем успех во досегашната клупска историја.

Мх.П.