Ракометарите на Охрид рутински ја одработија својата задача во полуфиналето од четвртфиналната рунда совладувајќи го вториот состав на Металург со 28-23 (14-7).
Со триумфот во полуфиналето охридските ракометари закажаа меч во финалето со екипата на Струга која со 27-18 го совлада тимот на Работнички.
„Гладијаторите“ на стартот од мечот со серија од 7-0 се одлепија на (8-1) и ги решија сите дилеми околу победникот. Предноста од седум голови ја задржаа до крајот на првиот дел кој заврши 14-7.
Во вториот дел водството на Охрид стигна до плус десет (20-10), но опуштањето во домашните редови го искористи младиот тим на Металург за да го ублажи поразот (28-23).
„Езерската“ пресметка во финалето на програмата в недела со почеток во 18 часот.
Р.К. Охрид: Трајкоски (12 одбрани), Стојаноски (6 одбрани), Босеовски 2, Андоновски 3, Младеновски 3, Блажески 5, Јанев 1, Новаковиќ, Кобетиќ 1, Кежиќ 2, Адамовиќ 4, Спасовски, Димитријевски 2, Трифуноски 3, Белевски 2.
Р.К. Металург 2: Обреновиќ (6 одбрани), Петковски М, Петковски Б, Матијашиќ 8, Лазаревски 5, Шулевски 2, Младеновиќ 2, Здравковски, Стојменов 3, Гошевски, Шилегов 1, Лембанов, Смилевски 2, Божиновски, Исијановски, Прцуловски.
Фото галерија:
OhridNews