Битолски Пелистер, Брегалница, Шкендија и Вардар се полуфиналистите во Купот на Македонија, откако успешно ги минаа своите пречки во 1/4 финалето.


„Зелено белите“, во Кратово отпатуваа со минимална предност (1-0), а во првиот дел ја дуплираше охриѓанецот Ристе Маркоски. Битолчани во второто полувреме постигнаа уште еден гол преку Боби Божиноски, а домаќините го ублажија поразот со почесен погодок. 


Штипјани со 3-0 ја преслушаа Победа во реваншот, откако првиот меч кој се одигра во Охрид заврши без победник 2-2.

Шкендија и Вардар немаа големи проблеми за пласман во полуфиналето, елиминирајќи ги Шкупи односно Металург.

Резултати: Брегалница – Победа 3-0 (2-2), Шкендија – Шкупи 4-0 (0-0), Силекс – Пелистер 1-2 (0-1), Вардар – Металург 4-1 (4-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Фото:Архива
OhridNews