Една минута ја делеше екипата на Струга Трим Лум од сензација во 1/8 финалето од Купот на Македонија, откако тетовска Ренова со голот на Валмир Нафиу изедначи на 2-2 и со вкупен резултат (5-4) обезбеди пласман понатаму.

Првото полувреме не наговестуваше ваков расплет, бидејќи Ренова покрај водечкиот погодок на Фатјон Мустафи во 10-та минута имаше уште неколку прилики за втор погодок и водство од првиот меч 3-2.

Вториот дел понуди вистинско фудбалско уживање засите на стадионот во Струга. „Црвено белите“ со брзи два голови го свртеа резултатот во своја полза и го имаа во свои раце прволигашот од Тетово. Прво од пенал изедначи Фљамур Таири, а водство за домаќините донесе Алтин Лога.

На пет минути од крајот на мечот стрелецот на првиот погодок за домаќините, Таири имаше шансата на овој двомеч, но гостинскиот голман Матија Кобетиќ со бравурозна интервенција го остави во игра својот тим.

Во последниот напад некогашниот младински репрезентативец Валмир Нафиу со одмерен удар ја смести топката зад грбот на Мики Георгиески кој неможеше ништо да стори за „штама“ во Струга и пласман во осумте најдобри.

После завршување на натпреварот имаше малку тензии, но сепак фудбалерите и сите од стручните штабови си подадоа рака и си честитаа за фантастичната престава која заврши среќно за гостите.

OhridNews