Фудбалерите на Ренова обезбедија пласман во осминафиналето во Купот на Македонија, откако на СРЦ „Билјанини Извори“ со 4-0 (2-0) го совладаа составот на Охрид.

„Гипсарите“ комплетно ја оправдаа фаворитската улога и заслужено се во топ 16. Победата ја осигураа со по два погодоци во двете полувремиња.

Резултатот го отвори Шефити Шефит, а на 2-0 зголеми Адем Јашароски. Во второто полувреме стрелци на головите беа Артан Велиу односно Емран Рамадани.

„Рибарите“ викендов ги очекува меч со Велазерими во Втората лига, додека Ренова ќе ги одмерат силите со Македонија Ѓорче Петров.

OhridNews