Без победник 1-1 заврши првиот натпревар меѓу Младост Царев Двор и Брегалница во четвртфиналето од Купот на Македонија.


Првиот половина час од натпреварот во Охрид им припадна на гостите кои имаа две сериозни прилики за погодок.

Капитенот на „сините“ Здравков ја погоди гредата, а Петровски со одлична парада го скроти ударот на Нацев.


Во последните моменти од првиот дел домаќините преку контра напад го отворија резултатот. Цветаноски со погодок ја круниса соло акцијата на Димоски.

„Зелено белите“ во вторите 45 минути се предодрeдија на зачувување на водсвотото и до 78-та минута добро го правеа тоа.


Во една мешаница во казнетиот простор топката стигна до Ристовски кој со лева го погоди спротивниот агол на Петровски и во 78-та минута го изедначи резултатот.

Со ремито во Охрид двете екипи ја одложија одлуката за пласман во полуфиналето за една седмица во Купот на Македонија.

КУП : Во Охрид не падна одлуката за првиот полуфиналист (видео)

Мх.П.