Без голови и без победник 0-0 заврши првата четвртфинална пресметка помеѓу Струга Трим Лум – Ренова во Купот на Македонија, која двете екипи ја одиграа денеска, на Градскиот стадион во Струга.

Тренерот на Струга ТЛ, Јетон Беќири и на спротивната страна предводникот на Ренова, Бујар Ислами комбинираа со составите, а тоа многу се одрази на темпото и на квалитетот во играта. Дополнителен проблем беше студеното време и ветерот во Струга.

Во двете полувремиња, екипите имаа по неколку прилики но не ја погодуваа целта. Домаќините имаа нешто повеќе од играта, додека гостите од Тетово се закануваа во главно од прекини. На крајот од мечот мрежите мируваа и одлуката за полуфиналист ќе падне во Тетово во март следната година.

Во останатите мечеви, Академија Пандев со 1-0 славеше против Шкупи во Чаир, а Шкендија и Работнички ремизираа 1-1.

Првата рунда од четвртфиналето ќе се комплетира со дуелот Брегалница – Лабуништа, кој се игра во 16 часот и 30 минути.

OhridNews