Без голови и без победник заврши прволигашката пресметка помеѓу Борец и Струга Трим Лум во рамките од осминафиналето во Купот на Македонија.

Двете екипи на Градскиот стадионот во Велес одиграа борбен натпревар повеќе мислејќи на сопственикот отколку на противничкиот. Стружани за нијанса можат да бидат позадоволни од ремито бидејќи во реваншот на домашен терен ќе имаат меч топка за пласман помеѓу осумте најдобри.

Изненадување во првите мечеви приреди Брегалница. Штипјани на домашен терен со минимални 1-0 го совладаа вицепрвакот од минатата сезона Македонија Ѓорче Петров. Супер дербито помешу Вардар – Шкендија заврши без победник 2-2.

Резултати: Лабуништа – Охрид 2-0, Вардар – Шкендија 2-2, Шкупи – Силекс 0-0,  Борец – Струга Трим Лум 0-0, Академија Пандев – Осогово 3-0, Пелистер – Работнички 1-1, Брегалница – Македонија Ѓорче Петров 1-0, Тиквеш – Ренова 0-2

OhridNews

КУП: Охрид поразен во Струга, Лабуништа пред историски успех