Екипите на Работнички и Шкендија ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија откако обезбедија пласман во финалето.
„Романтичарите“ во полуфиналниот двомеч ја елиминираа Брегалница со вкупен резултат (4-1). Работнички ремито со гол во гости го капитализираше со убедлива победа (3-0) за чекирање на финалниот билет.
И Шкендија како Работнички славеше со идентичен вкупен резултат 4-1. Но, тетовски „црвено црни“ забележаа победи на двата меча со Хоризонт Турново. Во првиот славеа со 2-0 додека во реваншот во Тетово победија со 2-1.
Големото финале од Купот на Македонија ќе се одигра на 29 мај.
OhridNews