Освојувачот на титулата во Купот на Македонија во сезоната 2011/12, Ренова е противник на Охрид во првата рунда најмасовното клупско натпреварување во нашата земја.

„Рибарите“ ривалот од Првата лига ќе го пречакаат на домашен терен на 23 септември. Мечот ќе започне во 15 часот и 30 минути.

Минатогодишниот полуфиналист Струга Трим Лум ќе паузира и директно ќе се пласира во топ 16.

Поради пандемијата со ковид -19 ќе има променет формат и се до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.

Двојки 1/16 финале:

Кит Го – Скопје

Победа – Македонија Ѓ.П.

Љуботен – Пелистер

Слога Виница – Шкупи

Вардар Форино – Вардар

Велешта – Кожуф

Росоман – Беласица

Охрид – Ренова

Лабуништа Тетекс – Силекс

Каменица Саса – Борец

Гостивар – Тиквеш

Вeлазерими – Работнички

OhridNews