Првиот меч од пелагониското дерби помеѓу Пелистер – Победа во 1/4 финалето во Купот на Македонија ќе го судат охридските судии. На центарот во Битола ќе се појави Марјан Маркоски, додека негови помошници ќе бидат Жарко Тодоровски и Симон Грданоски од Струга. Четврти судија е Марјан Ецкоски. 

Покрај овој меч во 1/4 финалните средби ќе се сретнат Тетекс – Академија Пандев и Ренова – Скопје. Четвртата двојка ќе се комплетира по одигрувањето на осминафиналниот дуел помеѓу Вардар – Шкупи. Победникот од овој дуел ќе игра со Шкендија.

OhridNews