Првиот од двата дуели меѓу Шкендија и Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија му припадна на тетовци со 2-1.
Двете екипи одиграа прав првенствен натпревар иако се работеше за куп пресметка.
Тетовчани два пати имаа предност, а во вториот успеаја да ја задржат и да слават со минимални 2-1.
Реванш натпреварот се игра на 15 октомври, но тогаш екипите ќе ги сменат улогите.
Резултати : Шкендија – Вардар 2-1, Шкупи – Тетекс 1-1, Пелистер – Работнички 0-0, Силекс – Еуромилк 1-1, Победа Јуниор – Дрита 1-0, Гостивар – Ренова 1-4, Кожуф – Напредок 0-0, Хоризонт Турново – Брегалница 0-0.
Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.