Прилепска Победа обезбеди пласман помеѓу најдобрите шеснаесет екипи во Купот на Македонија, откако на Градскиот стадион во Струга го совлада истоимениот состав со 2-1 (1-0) во рамките од 1/16 финалето во најмасовното клупско натпреварување.

„Црвено белите“ до победата против силната екипа на Струга Трим Лум стигнаа со по еден погодок во двете полувремиња. Водство за гостинска екипата донесе Јорданчо Наумоски од белата точка после фаулот над Антонио Каланоски во казнетиот простор.

На стартот од вториот дел охриѓанецот Валентин Кочоски го израмни резултатот после асистенцијата на Алтин Лога на кој му претходеше еден убав соло продор. Одлуката за победникот на куп дуелот во Струга падна во 75-та минута кога црномурстиот фудбалер на гостите Кирија погоди за водство кое на крајот се покажа доволно за победа.

Стружани со добрата игра и пречекот на гостинската екипа покажаа дека се зрели за нешто големо односно за пласман во горниот дел од табелата. Во следната трета рунда во Втората лига на домашен терен го пречекуваат Тетекс.

OhridNews