Скопските екипи Металург и Работнички ќе се сретнат во финалето од Купот на Македонија, кое ќе се одигра на „Филип Втори“.
Во 1/2 финалето Металург го елиминираше бранителот на трофејот Тетекс додека Работнички после пенал рулетот обезбеди дуел за златниот медал.
Одлуката во пенал серијата падна во осмата серија кога Петровиќ погоди за „романтичарите“, а Баснарков го одбрани ударот на Велковски.
Голманот на Работнички во втората серија успеа да го скроти пеналот на охриѓанецот Ристе Маркоски, кој влезе во вториот дел.
Мх.П.