Екипата на Сатеска е првиот финалист во Општинскиот Куп, откако во 1/2 финалето ја елиминираше Дебрца по изведувањето на пеналите 6-5 (2-2).


Во текот на натпреварот Сатеска два пати имаше водство, но домашниот состав наоѓаше начин да го изедначи резултатот. Во пенал рулетот Сатеска подобро се снајде и обезбеди пласман во финалето.

Противник на Сатеска ќе му биде подобриот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Лакочереј – Охрид.

Резултати:

Дербрца – Сатеска 2-2 (5-6)

Лакочереј – Охрид одложена

OhridNews