Фудбалерите на Пелистер обезбедија пласман во 1/8 финалето од Купот на Македонија откако со убедливи 5-0 го совладаа струшки Караорман.


Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески од самиот почеток тргнаа решително кон триумф. Шансите се редеа пред голот на стружани, а бедемот попушти на средината од првиот дел.

Во вторите 45 минути разликата во квалитет излезе на виделина, „зелено белите“ постигнаа уште четири голови во мрежата од „црвените“ и изборија пласман помеѓу најдобрите осум екипи.

Резултати :

    Албарса Тетекс 0 – 3  
  17:00 h Зајас Вардар 2 – 4  
  17:00 h Локомотива Бентоекс. Напредок 1 – 5  
  17:00 h Баби Гостивар 0 – 3  
  17:00 h Караорман Пелистер 0 – 5  
  17:00 h Беласица Хоризонт Турново  –   
  17:00 h 11 Октомври Ренова 0 – 4  
  17:00 h Могила Би Милк Силекс 2 – 3  
  17:00 h Новаци 2005 Еуромилк Г.Л. 2 – 1  
  17:00 h Корзо Металург 0 – 1  
  17:00 h Миравци Руфеја 3 – 0  
  17:00 h Борец 2009 Дрита  –   
  17:00 h Љуботен Македонија ЃП 0 – 3  
Четврток, 22.08.2013 – 1. Matchday
  17:00 h Работник Џумајлија Шкендија 79  –   
  17:00 h Сатеска Брегалница 2008  –   
  17:00 h Карбинци Работнички  –   

 

Мх.П.