Пелистер е последниот 16-ти патник во осминафиналето во Купот на Македонија откако на „Атина Бојаџи“ со 2-0 го совлада третолигашот Вулкан.
Во 23-та минута „зелено белите“ имаа шанса од белата точка да го отварат резултатот, но голманот на домаќините Сидоровски го прочита ударот на Анастасов.
На истекот од последната минута од првиот дел Пашовски со рефлексна интервенција спречи погодок по ударот од далечина на Мерко.
На стартот од вторите 45 минути фудбалерите на Пелистер го скршија отпорот на „вулканизерите“. Напаѓачот на битолчани Маркоски биеше кон голот топката го закачи Трпески го смена правецот и заврши зад грбот на Сидоровски.
Со вториот погодок на Маркоски во 80-та минута „зелено белите“ го заверија пласманот во 1/8 финалето во Купот на Македонија.
Mх.П.