Битолски Пелистер е последниот патник во 1/4 финалето во Купот на Македонија. “Чкембарите“ на реванш натпреварот во Штип против Баби одиграа 1-1 и со вкупни 6-1 се пласираа во најдобрите осум.


Таму уште се Вардар, Металург, Ренова, Дрита, Тетекс, Силекс, Шкендија. Ждрепката за четвртфиналните натпревари ќе биде дополнително закажана.

Мх.П.