Фудбалерите на Охрид и Сатеска ќе ги одмерат силите во финалниот натпревар од Општинскиот куп со кој ќе заврши фудбалската сезона во нашиот град.

Охридските „сино бели“ на Сатеска во финалето и се придружија после убедливата победа 5-0 против Дебрца во Белчишта во рамките од полуфиналето. Сатеска во полуфиналето го совлада Лакочереј со 1-0.

Финалниот натпревар се игра на 29 мај во 17 часот на СРЦ „Билјанини Извори“. В сабота на 25 мај на охридскиот стадион ќе се одигра финалето баражот во ОФЛ во кој ќе се сретнат Дебрца – Св. Петар. Победникот обезбедуа директен пласман во Третата МФЛ.

OhridNews