Фудбалерите на Охрид го освоија трофејот во Општинскиот куп, откако во финалето со убедливи 7-2 го совладаа составот на Сатеска.

Охридските бели комплетно доминираа на „Атина Бојаџи“ и не му оставија ниту трошка надеж на противници за нешто повеќе во финалето.

Екипата на Охрид победата во Општинскиот куп ја најави со три голови во првиот дел. На стартот од второто полувреме „белите“ зголемија на 4-0, а потоа беше само рутина и уживање за гледачите.

Со триумфот во Општинскиот куп екипата на Охрид обезбеди пласман во Купот на Македонија следната сезона и заокружи сезоната како успешна.

Фотогалерија:

Мх.П.