Од шести до деветти февруари Охрид и спортската арена „Билјанини Извори“ по четврти пат ќе бидат домаќини на завршницата од Купот на Македонија.
Седумте екипи кои обезбедија пласман во 1/4 финалето ќе атакуваат на тутилата, која две години љубоморна ја чува МЗТ Скопје.
Токму бранителот на трофејот против тимот на Струмица го отвара 21-то издание на Купот, а во истиот ден ќе се сретнат и Кожув – Фени Индустри.
Вториот дел од костурот го сочинуваат најтрофејниот клуб во Купот со осум титули Работнички, кој силите ќе ги одмери со Куманово, а четвртфиналните натпревари се комплетира со дуелот Лирија – Карпош Соколи.
Покрај натпреварите од машкиот куп ќе се одиграат финалните натпревари од младинскиот и женскиот куп.
Мх.П.