Попладнево во просторите на МТВ беа извлечени двојките за првата рунда од националниот куп. Претседателот на Охрид Лоте, Климе Лоте за противник го извлече прволигашот Брегалница од Штип.


Охрид 2004 кој немаше преставник на извлекувањето за противник го доби  двократниот победник во купот Силекс.

Еве ги 16- финалните двојки:

Осогово – Превалец 
Брегалница Штип – Охрид Лоте
Локомотива – Беласица
Миравци – Работнички
Охрид 2004 – Силекс
Ринија – Милано
Новаци – Вардар
11 Октомври – Скопје
Баиркардаш – Пелистер
Преспа – Металург
Тиквеш – Дрита
Еуромилк Горно Лисиче – Напредок
Карбинци – Турново
Саса – Тетекс
Цементарница – Ренова

Првата рунда се игра на 11 август, и тоа еден натпревар кој е елиминациски.

М.П.