Кошаркарската федерација на Македонија го објави распоредот и сатниците на одигрување на средбите од завршницата од Купот на Македонија.
Охрид по втор пат ќе биде домаќин, а Купот на Македонија в четврток во 17:30ч ќе го отвори актуелниот првак МЗТ Скопје против тимот на Струмица.
Покрај натпреварите од сениорскиот Куп во машка конкуренција, во СЦ „Билјанини Извори“ во текот на викендот ќе се одиграат и финалните натпревари во останатите натпреварувања. Женското сениорско финале ќе се игра во недела во 15.00 часот, женското младинско финале е истиот ден од 13.00 часот, додека младинското финале во машка конкуренција е закажано за сабота од 15.00 часот.
Мх.П.