Фудбалерот на Вардар, Горан Попов на мечот со Шкендија во Купот на Македонија покажа како не треба да се однесува еден поранешен член на А репрезентацијата.

Левиот бек во 39-та минута со лакот намерно го удри сегашниот репрезентативец Благоја Тодоровски. Судијата со знакот на ФИФА, Александар Ставрев веднаш без размилување му додели црвен картон и го испрати во соблекувалните.


Попов место за замине што побргу од теренот, прво го нападна Ставрев, а потоа со топка го погоди главниот судија на натпреварот.

Вардар го загуби натпреварот можеби и двомечот со Шкендија, но Попов дефинитивно го загуби образот пред фудбалските вљубеници.

Попов еднаш беше на тапет од ФФМ поради навреди на првиот човек Илчо Ѓоргиески и помина неказнето, но овој пат бегање нема го чека долга пауза од фудбалските терени. 

Неспортскиот потег и скандалозното однесување на Попов можете да го погледнете во текот 57-та минута од видеото, ТУКА.

Фото : Спортмедиа.мк
Мх.П.