Натпреварот во 1/16 финалето во Купот на Македонија меѓу Вулкан и Македонија Ѓорче Петров не го дочека својот крај откако беше прекинат при водство 2-0 за домаќините.


Домашните фудбалери не се појавија на центарот на стартот од второто полувреме. Главниот судија почека 15 минути, фудбалерите на Вулкан се уште ги немаше и го прекина натпреварот.

Според правилата на ФФМ натпреварот ќе се регистрира со службена победа за Македонија ЃП 3-0, а Вулкан соодтвено ќе биде казнет.

Резултати : Еуромилк – Ренова 1-2, Вулкан – Македонија ЃП (прекината), Превалец – Силекс 0-4, Лирија – Хоризонт 0-11, Зајаз – Шкендија, Беласица – Скопје 0-2, Љубанци – Тетекс 1-1 (4-3 пенали), Победа – Младост Царев Двор 1-1 (5-4 пенали), Кожув – Вардар 0-1, Поешево – Гостивар 0-0 (2-3 пенали), Малеш – Металург 1-9, Љуботен – Шкупи 1-5, Фортуна – Работнички, 11 Октомври – Пелистер, Плачковица – Брегалница.

Ohridnews