Екипта на Тиквеш од Кавадарци го совлада младиот тим на Аеродром во второто полуфинале од групата 4 од Купот на Македонија. Кавадарчани славеа убедливо со 41:30 и обезбедија пласман во финалето во кое ќе се сретнат со домаќинот на турнирот Охрид кој претходно беше поуспешен од Прилеп.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Ангелов со 13 гола, кај Аеродром Симоновски постигна 8 гола.
Победникот од мечот Охрид – Тиквеш, ќе избори пласман на завршниот турнир од Купот.
Натпреварот Охрид – Тиквеш ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот.
Тиквеш лесно се справи со Аеродром и закажа финале со Охрид
Г.М.
Фото: А. Момироска