Ракометарите на Охрид се пласираа во финалето на турнирот од Групата 4 од Купот на Македонија, кој се игра во салата „Билјанини извори“. Претпладнево Охрид во полуфиналето го совлада Прилеп со 32:27, полувреме 19:13. Во финалето Охрид ќе се сретне со подобриот од натпреварот Тиквеш – Аеродром, кој се игра попладнево.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Винисиус со 7 гола, Мацуока постигна 5.
Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Мацуока 5, Јукиќ 1, Костов 4, Ристевски, Ристески 5, Тасески 1, Јотиќ, Крстевски 1, Пешиќ 3, Кукуловски 2, Орионикидзе 2, Бојаниќ 1, Винисиус 7, Цирар, Ѓорѓески.
Финалната средба од групата Г од Купот на Македонија во Охрид се игра во 19:30 часот.
Г.М.
Фото: А.Момироска