Претстојниот викенд, на 18 и 19 март, се играат четвртфиналните средби од Купот на Македонија.
Во рамки на групата 1, ГРК Охрид во сабота во Скопје се среќава со Вардар. Мечот се игра од 17 часот.
Во сабота не очекува натпревар од купот против актуелниот македонски шампион Вардар и тоа на гостински терен. Вардар е голем фаворит, но ако ја повториме играта од последниот натпревар кој го игравме со Вардар на домашен терен се надевам дека и ние ќе имаме свои шанси и дека достојно ќе се претставиме. – вели крилото на ГРК Охрид Крсте Андоновски.
Победникот од натпреварот Вардар – Охрид, ќе вкрсти со подобриот од дуелот РК Јуниор КВ и РК Скопје.
Г.М.