Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и без потешкотии славеа победа над Куманово 40:21, полувреме 17:12, во вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, група 4, што се одигра попладнево во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Претходно Охрид славеше над Скопје 2020 со 40:24, со што обезбеди финале со Е. Пелистер кое ќе го даде патникот од оваа група на фајнал фор турнирот од Купот на Македонија.

Натпреварот Охрид – Пелистер ќе се одигра во 19:30 часот во салата „Билјанини извори“.

Фото галерија:

Е. Пелистер лесно се справи со Куманово и закажа финале со Охрид

OhridNews

Фото: А.Момироска