Кошаркарите на АМАК СП прокоцкаа предност од 13 кошеви на полувремето во натпреварот со Струмица, и го загубија натпреварот за пласман во полуфиналето од националниот куп.
Охриѓани беа на праг на големо изненадување на “Final 8” турнирот што се игра во Битола, откако три четвртини имаа водство, но на крај потклекнаа пред лидерот во Суперлигата кој натпреварот го доби со тесни 83:79.
Од понатамошните натревари елиминирана е ЖКК Билјана 006. Очекувано лесно Вигор славеше со 81:51 и обезбеди пласман во полуфиналето.