Охрид  денес на Билјанини Извори ја пречекува Шкендија во реванш натпреварот од 1/8 финалето на македонскиот национален куп.

Првиот натпревар Шкендија го доби совладувајќи го Охрид со 3-0. Стрелци на мечот беа: Беќири 60′, 67′, Хасани 80′.

Слична разлика беше и по првиот натпревар кој се одигра во првенството, само што тогаш охриѓани загубија со 5-2.

Останатите дуели се играат в среда со почетокот на натпреварите во 13ч.:

Миравци – Дрита (1-1), Беласица – Силекс (0-2), Турново – Пелистер (0-4) Македонија ЃП – Победа (1-1), Охрид – Шкендија (0-3), Милано – Металург (0-1).

М.П.