Денес во водите на Охридското езеро во организација на Е.К. “Стрмец“ ќе се одржи овогодинешниот Куп на Македонија во едрење “Минитонец 2008“.

Учество на регатата ќе земат 7 екипажи од 4 клуба и тоа: АМАК СП Бофор –Охрид, “Снегар“ – Струга, “Пампур“ –Скопје како и домаќинот “Стремц“ од Охрид.

Регатното поле ќе биде на потегот Пристниште –Парк –Пристаниште.

Предвидени се вкупно три трки, а првиот можен старт е во 10.30 минути.

Доделувањето на наградите ќе биде во Центарот за едрење во 15.00.

ohridnews