Второпласираниот во Првата лига, Милано, убедливо со 4-0 славеше против екипата на Нов Милениум. Второлигашот од Сушица издржа едно полувреме кое заврши со 1-0 (Крстев 43’). Откако на теренот гостите остана со 10 фудбалери бедемот попушти, а Милано со головите на Алими 75’, Брандо 84’ и Стојановиќ 92’ стигна до предност кој му гарантира прво финале во историјата на клубот.
За одлука кој ќе биде вториот патник во финалето на националниот куп, ќе мора да почекаме до реваншот на 1 Мај бидејќи без победник (0-0) заврши првиот полуфинален меч меѓу градските ривали Работнички К. и Македонија ЃП.
Реванш средбите се играат на 1 мај со почеток во 16 часот.
ohridnews