Комисијата за спроведување на Куп натпреварите при РФМ во просториите на Федерацијата изврши жребање за 1/4 финалето на најмасовното ракометно натпреварување во машка конкуренција. 

Согласно Бергеровиот систем ( 1-4; 2-3) по  извлечените натпреварувачки броеви се среќаваат:

1 Група: Металург Јуниор – Младост Богданци,  Вардар ПРО – Младост Ресен.

2 Група: Преспа  – Илинден Струга,  ВИП 2007 – Зомимак М.

3 Група: ВВ Повардарие – Пелистер,  МРК Вардар – ВВ Тиквеш 06.

4 Група: Тинекс Пролет – Борец,  Климент Охридски – Металург.

Според пропозициите организатори на четврт финалето,  се  следните екипи:
Група 1 – Вардар ПРО,
Група 2 – Зомимак М,
Група 3 – Тиквеш 06,
Група 4 – Металург.