Од овие четири екипи единствено Македонија се има закитено со куп торфејот откако во финалето во 2006 година ја совлада Шкендија со 3-2.
Водечките екипи во шампионатот Работнички и Милано ќе влезат како фаворити во првите дуелите од полуфиналето. Максимално претпазливи се од таборот на Милано од каде порачуваат :
– Му даваме големо значење на Купот, бидејќи тоа е една од можностите за настап во еврокуповите. Не се залажуваме дека ќе ни биде лесно со Нов Милениум само затоа што е второлигаш. Во Купот секогаш имало изненадувања, погледнете само во Англија, каде испаднаа многу фудбалски гиганти. Тоа треба да ни биде поука, вели искусниот стратег Ѓоре Јовановски
Натпреварите започнуваат во 16 часот. Реванш мечевите се на 1 Мај.