ГРК Охрид загуби од фаворитот Еурофарм Пелистер во финалето од мини турнирот што се одигра денеска во Битола во рамки на Купот на Македонија.
Вечерва, Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид 27:21, полувреме 14:11.
Претходно Охрид лесно го совлада Драчево со 41:27, додека Еурофарм Пелистер беше поуспешен од Алкалоид.
Со победата над Охрид „Пелистерци“ обезбедија пласман на финалниот турнир од купот.
Г.М.