Ракометарите на Охрид попладнево во Скопје го играат натпреварот 1/4 финалната група против Вардар. На полувреме актуелниот шампион води 20:18.

 

Охрид добро го отвори натпреварот, поведе од пенал и беше во водство до 14 минута. Во еден период имаше и два разлика. По израмнувањето Вардар го презеде водството и почна да се одлепува. Во еден момент повцеде со 4 разлика (17:13). Но Охрид не се предаваше. Избраниците на Андоновски ја стегнаа одбраната и со серија погодоци намалија на само еден разлика 18:17.

Вардар повика тајмаут, по кој направи серија од 2:0. Охрид успеа да намали и на полувреме оди со -2.

РК Вардар – ГРК Охрид (live stream)

Во вториот четвртфинален меч од оваа група се среќаваат РК Јуниор КВ и РК Скопје.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска