ГРК Охрид  во рамки на Купот на Македонија во групата 4 утре се среќава со РК Прилеп. Во недела играме со Прилеп, екипа која не е ни малку за потценување, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Никола Ристески.

Очекувано е да го играме финалето со Тиквеш. Се надеваме дека со помош на охридската публика ќе сме дел од Ф4 Купот на Македонија, додаде Ристески.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 11 часот.

OhridNews