Ракометниот клуб Охрид претрпе убедлив пораз 37-20 (16-12) од Порто во втората квалификациска рунда во мечот кој како „домаќин“ го одигра во Португалија.

Португалските ракометари високата победа ја обезбедија во второто полувреме, откако „гладијаторите“ пружија солиден отпор во првите триесет минути.

Вториот натпревар кој ќе се одигра в недела во 16 часот помеѓу Порто и Охрид ќе биде чиста формалност и ќе послужи за промоција на португалците во понатамошните квалификациски мечеви во Купот на ЕХФ.

OhridNews