Ракометниот клуб Охрид двата натпревари со Порто во втората квалификациска рунда за пласман во Купот на ЕХФ ќе ги одигра во Португалија.

Првиот натпревар двете екипи ќе го одиграат на 14 октомври во 15 часот, додека вториот, ден подоцна на 15 октомври во истиот термин (15ч).

Охридските ракометари во првата рунда успешно го минаа холандскиот Крас Волендам совладувајќи го со вкупен резултат 48-47 во двомечот кој се одигра во „Билјанини Извори“.

OhridNews