Лидерот во Првата лига, Кожув во 1/2 финалето од 22-то издание од Купот на Македонија ќе се сретне со актуелниот првак МЗТ Скопје.
„Штрковите“ од Аеродром ја имаа честа да го отворат 22-то издание на Купот на Македонија. Тоа го направија на најдобар начин победувајќи ја екипата на Струмица со 100-75.
Во нешто понеизвесен натпревар првопласираниот на табелата Кожув со 76-59 го елиминираше Фени Индустри во 1/4 финалето.
Сезонава противниците во 1/2 финалето два пати во контролни натпревари ги одмерија силите. Скорот е изедначен 1-1, а тој што ќе го добие третиот меч ќе биде за влез во големото финале.
Мх.П.