Актуелниот првак  МЗТ Скопје има предност од 12 поени 42-30 против Лирија по првиот дел во финалето од националниот Куп на Македонија.


Избраниците на словенскиот стратег Зоран Мартиќ во вториот дел успеаја да го скршат отпорот на Лирија, а шлаг на одличната втората четвртина стави Кејд Дејвис, кој со звукот на сирената донесе предност од 12 поени.

Најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје во првиот дел е Дејви со 11 поени, кај Лирија со осум кошеви најефикасен е Бојан Трајковски.

Мх.П.