Шесткратниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија и актуелен првак, МЗТ Скопје во финалето од 22-то издание ќе се сретне со тимот на Лирија.

„Штрковите“ во 1/2 финалето го „искачија“ Кожув додека Лирија за прво финале во својата историја го совлада Куманово.

Во првиот полуфинален натпревар МЗТ Скопје – Кожув кошаркарите ја имаа главната бидејќи во вториот навивачите ги сменија улогите со кошаркарите.

Спортската арена „Билјанини Извори“ беше испразнета и пред празни трибини се доигра 1/2 финалниот меч Лирија – Куманово.

Финалниот натпревар од Купот се игра во 17:30 часот, а претходно ќе се одигра финалето во женска конкуренција.

Мх.П.