Екипата на Младост Царев Двор речиси ја заврши својата работа во 1/8 финалето од Купот на Македонија откако како гостин со 4-2 го победи второлигашот Влазрими во првиот од двата натпревари.


До победата „зелено белите“ ги предводеше охриѓанецот Антонио Каланоски постигнувајќи два погодоци. Со двоецот против Влазрими офанзивниот фудбалер ја продолжи голгетерската серија во новата сезона.

По еднаш мрежата на кичевчани ја погодија Ристески и интернационалецот Куроки на асистенција од Каланоски кој одигра маестрален натпревар.

Со овој триумф фудбалерите на Младост ги залечија раните од поразот од Шкупи во Охрид во осмата рунда од шампионатот.

Резултати : Вардар – Пелистер 4-1, Шкендија – Металург 2-0, Македонија ЃП – Љубанци 3-2, Влазрими – Младост ЦД 2-4, Гостивар – Работнички 0-4, Ренова – Силекс 1-2, Турново – Скопје 3-1, Брегалница – Шкупи 2-0.

Мх.П.