Штипска Брегалница со минимална предност ќе патува на реванш натпреварот во Тетово против Шкендија откако на првиот дуел забележа победа 2-1.
Погодоците две екипи ги постигнаа во првата фаза од мечот. „Црвено црните“ погодија во 4-та минута преку Неби Мустафи, а комплетен пресврт „сините“ направија со головите на Горан Здравков 19 и Славчо Велкоски две минути подоцна.
Првата четвртфинална рунда ќе се комплетира со натпреварите Дрита – Металург, Тетекс – Напредок и Пелистер – Работнички.
Мх.П.