Актуелниот македонски првак Вардар против Металург во Охрид ќе ја брка негативата (0-1) од првиот натпревар во 1/16 финалето од Купот на Македонија. Стратегот на „црвено црните“ Боби Милески за официјлниот веб сајт на клубот изјави дека верува во триумф над Металург и пласман во следната рунда.

Верувам во овие момци. Тие се тие кои создадоа осум 100% шанси на натпреварот со Шкендија, но недостасуваше само реализација. Пред тоа некој упорно сака да замижи, но знам дека самите фудбалери доволно го знаат сопствениот потенцијал и квалитет. Вардар, безусловно, останува на патот кон зацртаните цели оваа сезона, и од него воопшто не сме оддалечени – рече Милески.

Натпреварот од 1/16 финалето во Купот на Македониј се игра на стадионот „Атина Бојаџи“ со почеток во 15:30 часот.

Мх.П.