Екипите на Металург, Тетекс и Брегалница обезбедија пласман во 1/2 финалето од Купот на Македонија додека последниот патник ќе се дознае по вториот натпревар меѓу Пелистер и Работнички (1-0).


Металург пласманот во најдобрите четири го завери со убедлива победа против Дрита 7-1 и со вкупни 10-1 се најде во завршницата.

Бранителот на трофејот Тетекс го совлада Напредок со 2-1 во Кичево и благодарание на победа се пласираше понатаму откако првиот натпревар заврши без голови и без победник.

Брегалница на гостување во Тетево кај Шкендија ремизираше 1-1 и ја зачува предноста 2-1 која ја стекна на домашен терен по првиот дуел.

Мечот помеѓу Работнички и Пелистер е закажан за 4 декември.

Мх.П.