Екипата на Металург обезбеди пласман во 1/8 финалето од Купот на Македонија победувајќи ја Сатеска со 3-0 во Струга.


Скопските „зелено-бели“ во целост ја оправдаа фаворитската улога во мечот со преставникот од Општинскиот фудбалски сојуз во Купот на Македонија.

Победата и пласманот во следната фаза Металург го најави во првиот дел со головите на Бојан Колевски.


После еден час игра избраниците на Миле Крстев го запечатија триумфот со погодокот на Петар Канзуров.


Противникот во 1/8 финалето Металург дополнително ќе го дознае по пат на ждребка, откако ќе се комплетираат сите мечеви.

Мх.П.